14 aприл – За моја полза

„Дај ми да чујам радост и веселба, за да се зарадуваат скршените коски!“ (Псалм 51,8)

Вистина е дека Бог нѐ љуби, дека се труди да нѐ усреќи, и дека ние никогаш не би морале да го запознаеме страдањето ако секогаш сме го почитувале Неговиот закон; но не помала е и вистината дека на овој свет, како последици од гревот, секој мора да поднесува страдања, неволји и товари… Тие мораат да научат дека овој свет не е место за одржување свечени паради, туку бојно поле. Сите се повикани, како добри војници, да поднесуваат тешкотии. (Воспитување, стр. 295. оригинал)

Нашите таги и страдања не никнуваат од земја. Бог „не по волјата на своето срце ги казнува и ги ожалостува синовите човечки“ (Плачот на Еремија 3,33). Кога Тој ќе дозволи да дојдат искушенија и неволји на нас, тоа ни е „за полза, та да учествуваме во Неговата светост“ (Евреите 12,10). Искушението, колку и да ни изгледа горчливо и тешко, ако го поднесеме со вера, ќе ни донесе благослов. Некој свиреп удар што знае да ни ги одземе земните радости, може да послужи како средство нашиот поглед да го насочиме кон Небото. Колку ли само има такви кои никогаш не би го запознале Христа, да не ги натерало страдањето да побараат утеха во Него! (Мисли од гората на блаженствата, стр. 10. оригинал)

Вистинскиот начин на соочување со пробата не е нејзино одбегнување, туку трансформирање… Тој процес секако ќе биде болен за пониската природа, бидејќи доаѓа во судир со вродените желби и склоности; но таа болка исчезнува пред поголемата радост. (Воспитување, стр. 295. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest