20 март – Верни во секој детал

„Туку тоа ќе го јадеш пред Господа, својот Бог, во местото кое Господ, твојот Бог, го избере, ти, твојот син, твојата ќерка, твојот слуга, твојата слугинка и левитот кој ќе биде во твоите градови. Провеселете се пред Господа, својот Бог, со сè што твоите раце создале.“ (Второзаконие 12,18)

Да се биде вреден, трпеливо да се прави добро во самооткажување, тоа е славно дело на кое Небото гледа со одобрување. Бог повеќе цени работа со вера, отколку најревносно формално богослужение… Молитвите, поттикнувањата и разговорите се евтини плодови, додека добрите дела, грижата за сирачињата, вдовиците и сиромашните претставуваат вистински плодови кои природно растат на доброто дрво. (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 24. оригинал)

Ако сакаме да успееме во овој живот и да го добиеме идниот живот, ние мораме совесно и верно да ги извршуваме малите работи. Совршенството се гледа во најмалото Божјо дело токму како и во најголемото. Истата онаа рака што ги одржува световите при нивното кружење низ вселената, ги создала нежно и вешто и полските кринови. И како Бог што е совршен во својот делокруг, така треба да бидеме и ние совршени во нашиот. Хармоничен, убав и силен карактер се изградува со лично исполнување на должностите. Во најмалите, како и во поважните постапки во нашиот живот, верноста треба да биде главно обележје. Чесноста во малечките работи и верноста и љубезноста ќе ја осветлат патеката на животот; и кога нашето дело на земјата ќе биде завршено, ќе се покаже дека секоја од најмалите должности што била верно исполнета, имала свое влијание на добро, влијание што нема да се заборави. (Патријарси и пророци, стр. 574. оригинал)

4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа
30 септември - Љубезните зборови даваат помош и охрабрување
29 септември - Љубезните зборови се сладост за душата и здравје за телото
28 септември - Љубезните зборови им припаѓаат на оние со чисти срца
27 септември - Победниците ќе имаат Божји харфи
26 септември - Свирете победоносни песни
25 септември - Затрубете во труба во храмот Господов

Pin It on Pinterest