5 февруари – Бог се радува кога ги излева своите благослови

„И тие ќе бидат Мој народ, а Јас ќе бидам нивни Бог… И ќе се радувам правејќи им добро; и цврсто ќе ги засадам во оваа земја, со сето Свое срце и со сета Своја душа.“ (Еремија 32,38.41)

Христовата љубов кон Неговите деца е исто толку нежна колку што е и силна. Таа е посилна од смртта. Тој умре за да нè откупи и за да бидеме едно со Него – таинствено и вечно „едно“. Неговата љубов е толку силна што ги придвижува сите Негови моќи и ги користи сите извори на Небото за доброто на Својот народ. Во таа љубов нема промена, нема ни трошка измена. Таа е истата вчера, денес и во вечноста. Иако гревот со векови се обидувал да ја задуши таа љубов и да го спречи нејзиниот тек кон Земјата, таа сè уште тече изобилно кон оние за кои Христос умре.

Бог ги сака безгрешните ангели кои Му служат и кои се послушни на сите Негови заповеди, но ним не им укажува благодат. Тие небесни суштества не знаат ништо за благодатта; таа никогаш не им била ни потребна, бидејќи никогаш не згрешиле. Благодатта е одлика покажана кон недостојните човечки суштества. Ние не ја баравме, но таа беше испратена да нè побара нас. Бог се радува да ја излее Својата благодат врз секој што е гладен и жеден за неа, не затоа што сме достојни, туку токму затоа што сме потполно недостојни. (Testimonies to Ministers, p. 519)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest