28 јуни – Преобразениот живот донесува плод

„Исполнети со плодовите на правдата, кои се преку Исуса Христа, за слава и пофалба на Бога.“ (Филипјаните 1,11)

Билката не ’рти, не расте, ниту носи плод сама за себе, туку „да дава семе да се сее и леб да се јаде“ (Исаија 55,10). Така ниту еден од нас не смее да живее сам за себе. Христијанинот се наоѓа на светот како Христов претставник да работи, да спасува други души.

Нема никакво растење ниту плод во животот кој е свртен кон себеси. Ако сте го прифатиле Христа како свој Спасител, треба да заборавите на себе и да се обидете да им помагате на другите. Зборувајте за Христовата љубов, говорете за Неговата добрина. Извршувајте секоја должност што ќе ви се даде. Носете одговорност за душите во своето срце и со сите средсгва што ви стојат на располагање трудете се да ги спасите загубените. Кога ќе го примите Христовиот Дух, духот на несебична љубов и труд за другите, вие ќе растете и ќе носите плод. Во вашиот карактер ќе се покажат доблестите на Духот. Вашата вера ќе расте, вашето уверување ќе се продлабува, вашата љубов ќе се усовршува. Сѐ повеќе ќе го одразувате Христовиот лик во сѐ што е чисто, благородно и убаво. (Христови параболи, стр. 67.68. оригинал)

Негов план е да ги оспособи своите слуги за обилно донесување род, прилагодуваќи ги на Христовиот лик и правејќи ги соучесници во божествената природа.

Тој сака сите припадници на Неговиот народ со вистинско искуство во вистината на евангелието да станат вистински, сигурни (сериозни), делотворни мисионери. Тој сака тие да покажат многу повоздигнати, посветли и поодредени достигнувања отколку што се покажале во нашите денови. (Сведоштва за црквата, вол. 8, стр. 186. оригинал)

11 мај - Побожноста е потребна
10 мај - Весели се на добриот збор
9 мај - Тој копнее да ги усреќи Своите деца
8 мај - Предајте се на Божјото водство
7 мај - Исправното живеење го радува срцето
6 мај - Радувајте се на спасението
5 мај - Заедништвото со Бога носи радост
4 мај - Радоста што доаѓа од Бога е трајна
3 мај - Затоа што Бог ги исполнува Своите ветувања
2 мај - Бидејќи сум Негов сведок

Pin It on Pinterest