17 декември – Чекаме ново небо и нова земја

„А ние, според Неговото ветување, очекуваме нови небеса и нова земја, во кои пребива правдата.“ (2. Петрово 3,13)

Бог ја откривал својата слава пред вратата на рајот што ја чувале херувими. Тука Адам и неговите синови доаѓале да се молат на Бога. Тука тие ги обновувале своите завети дека ќе го почитуваат оној закон поради чијшто престап биле истерани од Едем. Кога светот бил преплавен со плима на беззаконие, и кога расипаноста на луѓето го запечатила нивното уништување со потоп, тогаш Едем го отстранила од земјата истата онаа рака која и го засадила. Но во конечното обновување, кога ќе бидат создадени „ново небо и нова земја“, и тој повторно ќе биде воспоставен и уште почудесно украсен отколку што бил на почетокот. Тогаш оние што ги држеле Божјите заповеди ќе уживаат под дрвото на животот и ќе имаат бесмртна сила; и низ бесконечните времиња на вечноста жителите на безгрешните светови, во таа градина на уживање и задоволство, ќе гледаат пример на совршеното дело на Божјото творештво, негибнато со проклетство на гревот пример за она што можела да биде целата земја кога човекот би го прифатил величествениот план на својот Творец. (Патријарси и пророци, стр. 62. оригинал)

Таму ќе има музика, и песна, таква музика и таква песна какви освен во виденијата дадени од Бога, ниту едно смртно уво не слушнало ниту умот замислил… Таму секоја моќ ќе се развива, секоја способност ќе се зголемува. Ќе се превземаат највеличествени потфати, ќе се остваруваат најблагородни стремежи, ќе се постигнуваат највозвишени цели. И пак ќе се појавуваат нови врвови да ги совладаме, нови чуда да им се восхитуваме, нови вистини да ги разбереме, нови замисли да ги поттикнат силите на телото, умот и душата. Божјите деца ќе можат да ги истражуваат сите сокровишта на вселената. (Воспитување, стр. 307. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest