18 септември – Зашто Тој го води Својот народ

„И така никој не можеше да го разликува радосното воскликнување од плачот на народот; зашто народот воскликнуваше гласно, и викањето се слушаше многу далеку.“ (Ездра 3,13)

Меѓутоа, со музиката и извиците на слава што се слушале во тој радосен ден, се мешала и една нехармонична нота. „Мнозина свештеници, левити, и главатари на татковските домови и старешини, кои го имаа видено поранешниот храм, плачеа гласно“ (Ездра 3,12)… Наместо да се радуваат, тие се препуштиле на незадоволството и малодушноста. Ја виделе славата на Соломоновиот храм и се јадосувале што храмот, кој ќе биде подигнат сега, нема да биде како некогашниот…

Да знаеле оние кои тој ден не се радувале на полагањето на камен-темелникот на идниот храм какви ќе бидат последиците од нивниот недостаток на вера, би се престрашиле. Тие не ја разбрале тежината на зборовите со кои го изразувале своето незадоволство и разочарување, ниту знаеле колку тоа ќе го забави довршувањето на Божјиот дом. (Пророци и цареви, стр. 563-565. оригинал)

Меѓу насобраните сепак имало повеќе такви кои покажале посилна вера и пошироки видици и не гледале со незадоволство на оваа скромна градба. „А мнозина воскликнуваа силно од радост, и народот не можеше да ги разликува радосните извици од плачот на народот; зашто народот викаше силно, и гласот негов се слушаше надалеку“ (Ездра 3,12.13). (Пророци и цареви, стр. 564.565. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest