13 ноември – Крштевањето

„И така, се крстија оние, кои го прифатија неговото слово. И во тој ден се приклучија околу три илјади души.“ (Дела 2,41)

Сцената била необично интересна. Од сите страни доаѓале луѓе да ги слушнат учениците како сведочат за вистината каква што е во Исуса. Цели групи нагрвалиле во храмот. Тука се наоѓале свештениците и поглаварите; на нивното лице сѐ уште почивал мрачен израз на злоба, срцата сѐ уште им биле полни со постојана омраза против Христа… Очекувале апостолите да ги видат исплашени и скршени под силната рака на угнетувачите и убијците, но сега ги виделе слободни од секој страв и исполнети со Духот како силно ја објавуваат божествената сила на Исуса Назареќанецот. (Делата на апостолите, стр. 42. оригинал)

Под влијание на тоа небесно просветлување, цитатите на Светите списи што им ги протолкувал Христос на учениците, пред нив блескотеле со совршена вистина. Сега бил отстранет превезот што до тогаш ги спречувал до крај да го видат она што било укинато, и совршено јасно ја сфатиле целта на Христовата мисија и природата на Неговото царство. За Спасителот можеле да зборуваат со сила и кога на своите слушатели им го изложувале планот на спасението, мнозина биле осведочени и убедени. Од нивните мисли исчезнале традициите и празноверието што им ги влевале свештениците и тие со радост го прифатиле учењето на Спасителот.

„И така се крстија оние што ја прифатија неговата реч, па тој ден се приклучија околу три илјади души“ (Дела 2,41). (Делата на апостолите, стр. 44. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest