20 ноември – Залог на вечниот живот

„Во срцето го запазив Твојот збор, за да не згрешам против Тебе.“ (Псалм 119,11)

Тој (Христос) дошол да ја објави природата на Својот Закон, да ја прикаже убавината на светоста со Својот сопствен карактер. Христос дошол на овој свет со љубов која растела од вечноста. Отфрлајќи ги додадените барања кои го оптоварувале Божјиот Закон, Тој прикажал дека Законот е закон на љубов, израз на божествената добрина. Тој покажал дека среќата на човештвото, а со тоа и стабилноста, самиот темел и аголен камен на човечкото општество почиваат врз послушноста на неговите принципи.

Божјиот закон е многу далеку од поставување самоволни барања; тој им е даден на луѓето како ограда, како штит. Секој што ќе ги прифати неговите принципи е заштитен од злото. Верноста кон Бога вклучува и верност кон човекот. Така Законот ги чува правата и индивидуалноста на секое човечко суштество. Тој го спречува надмоќниот да угнетува, а потчинетиот да биде непослушен. Го обезбедува доброто на човекот и во овој и во светот што ќе дојде. За послушниот, тој е залог за вечен живот, бидејќи ги изразува принципите кои ќе постојат вечно. (Воспитување, стр. 76.77. оригинал)

20 ноември - Залог на вечниот живот
19 Ноември - Законот го открива Божјиот карактер
18 ноември - Правилното постапување носи радост
17 ноември - Бог ќе го запише во моето срце
16 ноември - Послушноста кон Законот носи радост
15 ноември - Речта е светлина по која многумина копнеат
14 ноември - Обичните луѓе можат да ја разберат Твојата реч
13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање

Pin It on Pinterest