9 март – Радувајте се со целата природа

„Веселете се, небеса, и радувај се земјо! Нека шуми морето и што е во него! Нека се радува полето и што е во него, нека пеат радосно горските дрвја.“ (Псалм 96,11.12)

Бог би сакал Неговите деца да се восхитуваат на Неговите дела, да уживаат во едноставната, тивка убавина со која го украсил нашиот земен дом. (Патот кон Христа, стр. 85. оригинал)

Творецот кој ја засадил прекрасната градина за нашите први родители, кој засадил за нас и прекрасни цвеќиња и дрва и кој сè што е убаво и величествено во природата го дал на човечкиот род, одредил човечкиот род да ужива во тоа… Бог кој засадил благородни дрва и ги облекол со богати лисја, кој ни дал блескави и прекрасни бои на цвеќињата и чии прекрасни ракотворби ги гледаме во целото царство на природата, не одредил да бидеме несреќни. Тој не одредил да бидеме без вкус и да не уживаме во тие работи. Тој сака да уживаме во нив и да бидеме среќни поради убавините на природата кои се Негово дело. (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 588. оригинал)

Сакам да уживам во убавините на Божјото царство. Сакам да се восхитувам на сликите кои ги обоиле Неговите прсти. Јас можам да уживам во нив, а можете и вие. Сепак, не мораме да ги обожаваме. Но преку нив ќе се упатиме кај Него и ќе ја согледаме Неговата слава која го создала сето тоа поради нас. (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 592. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest