3 септември – Да Му пееме на Бога во Неговото светилиште

„Дојдете, да Му запееме на Господа, да Му воскликнуваме на Тврдината, на Својот Спасител! Да застанеме пред Неговото лице со благодарности, да Му воскликнуваме со песни!“ (Псалм 95,1.2)

За понизната и верна душа Божјиот дом на земјата е врата од небото. Песните на благодарност, молитвите, зборовите кои ги изговараат Христовите претставници – сето тоа се орудија со кои Бог подготвува еден народ за возвишеното богослужение во небесната црква во која не може да влезе ништо осквернето… Среќни се оние кои имаат светилиште (дом за молитва) било да е голем или мал, во град или во планинска пештера, во скромна куќа или во пустина. Ако тоа е најдоброто место кое можат да го обезбедат за својот Господ, Тој исто ќе го посвети со своето присуство… Мелодијата на песната, која јасно и разбирливо излегува од многу срца е едно средство за спасување на душите. Секоја служба треба да се врши свечено и со стравопочитување, исто како да е видливо присуството на Господарот. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 491-493)

Гласот на благодарноста, пофалбата и радоста се слуша на Небото. Гласовите на ангелите на Небото се соединуваат со гласовите на Божјите деца на Земјата, додека тие Му оддаваат чест, слава и пофалба на Бога и на Јагнето за големото спасение што е обезбедено. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 246)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest