1 август – На Бога Му е угодно она што е право

„Но знам, о Боже мој, дека Ти ги испитуваш срцата и дека ја љубиш искреноста; јас го принесов сè ова доброволно со искрено срце, и со радост го гледав Твојот народ, кој е тука, како Ти принесува доброволно.“ (1. Летописи 29,17)

Христос е задоволен од своите следбеници кога покажуваат дека, иако се само човечки суштества, учествуваат во божествената природа. (Копнежот на вековите, стр. 153. оригинал)

Бoг нe ги врeднувa луѓeтo спoрeд нивнoтo бoгaтствo, oбрaзoвaниe или пoлoжбa. Ги врeднувa спoрeд чистoтaтa нa нивнитe пoбуди и убaвинaтa нa кaрaктeрoт. (Здравје и среќа, стр. 477. оригинал)

Од сите се бара морално совршенство. Никогаш не треба да ги снижуваме мерилата на праведноста за да се прилагодиме кон наследените и стекнатите склоности кон злото. Мораме да сфатиме дека несовршенството на карактерот е грев. Сите благородни особини на карактерот потекнуваат од Бога и во Него прават совршена, хармонична целост, па секој што ќе го прими Христа како свој Спасител, има предност да ги прими и тие особини. (Христови параболи, стр. 330. оригинал)

Бидете решителни да развиете секоја позитивна особина на вашиот карактер на слава на својот Учител. На секој степен од изградбата на вашиот карактер трудете се да му угодите на Бога. Секако, тоа можете да го постигнете, зашто и Енох му угодил на Бога иако живеел во расипано време. И денес, во нашето време, има многу еноховци. (Христови параболи, стр. 332. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest