2 мај – Бидејќи сум Негов сведок

„Идната ноќ Господ застана пред него и му рече: ‘Не бој се, Павле! Секако, како што сведочеше за Мене во Ерусалим, така треба да сведочиш и во Рим.’“ (Дела 23,11)

Припадниците на Божјиот народ се Негови претставници на земјата и Негова намера е тие да бидат светлина во моралната темнина што го покрива овој свет. Расеани по сета земја по градовите, населбите и селата тие се Божји сведоци, канали низ кои Тој сака на неверниот свет да му пренесе сознанија за својата волја и за чудесата на својата милост. Според Божјиот план, сите што треба да учествуваат во големото спасение, треба да бидат Негови мисионери. Побожноста на христијаните претставува мерило според кое луѓето на овој свет го ценат евангелието. Стрпливото поднесување на неволјите, примањето на благословите со благодарност, храброто одолевање на искушенијата, покажувањето на кротост, милост и љубов така што тоа да ни премине во навика тоа се видела низ кои блескоти вистинскиот карактер, а тој нема ништо заедничко со темнината на себичното срце во кое никогаш не заблескала светлината на животот. (Патријарси и пророци, стр. 134. оригинал)

Додека ние сме поттикнати да не ги оставаме своите цркви, на тие собирања не треба да присуствуваме само поради наше сопствено освежување. Треба да бидеме вдахновени со поголема ревност и на други да ја пренесуваме утехата што сме ја примиле. Наша должност е ревносно да се залагаме за Божјата чест, не донесувајќи зол глас ниту со тажен израз на своето лице или со непромислени зборови, како Божјите барања да ја ограничуваат нашата слобода. Господ сака дури и во овој свет на страдања, разочарувања и грев да бидеме бодри и силни во Неговата сила. Целата наша личност ја има таа предност да претставува едно одлучно сведоштво во секој поглед. Со изразот на своето лице, со својот темперамент, со своите зборови и карактер, ние треба да сведочиме дека е добро да Му се служи на Бога. (Сведоштва за црквата, вол. 6, стр. 365. оригинал)

2 август - Кога безбожникот ќе се одврати од своите патишта
1 август - На Бога Му е угодно она што е право
31 јули - Ангелите го исполнуваат ветувањето за божествена грижа
30 јули - Ангелите служат на потребите на луѓето
29 јули - Небесните војски и Божјите слуги и се радуваат на службата
28 јули - Ангелите соработуваат со нас
27 јули - Ангелите се радуваат со луѓето во спасувањето на изгубените
26 јули - Ја имаат Христовата радост кога ги гледаат спасените грешници
25 јули - Тие ја шират Неговата радост спасувајќи ги изгубените
24 јули - Тие ја откриваат Господовата радост во своите животи

Pin It on Pinterest