19 септември – Зашто Христос повторно ќе дојде

„Ликувај од радост Сионска Ќерко! Воскликнувај, Ерусалимска Ќерко! Еве твојот Цар иде при тебе: справедлив е и спасува, кроток и седнал на осле, на ослица, младенче на ослицата.“ (Захарија 9,9)

Кога Исус со слава влегол во Ерусалим, Неговите ученици мислеле дека Тој има намера да седне на Давидовиот престол и да го ослободи Израел од неговите угнетувачи. Со големи надежи и со радосно очекување се натпреварувале како на својот Цар да му укажат поголема почит. Мнозина своите згорништа ги простирале како килим на неговиот пат или пред Него ставале палмови гранки. Во своето одушевување се соединиле во радосен извик: „Осана на синот Давидов!“ (Големата борба, стр. 404. оригинал)

Одејќи патем, мноштвото се зголемувало со нови луѓе кои слушнале за Исусовото доаѓање и брзале да ѝ се придружат на поворката. Набљудувачите постојано се мешале со мноштвото, прашувајќи: „Кој е тој? Што значи оваа мешаница?“… Нивните прашања се замолкнати од победничките извици кои ревносното мноштво постојано ги повторувало, а народот што бил малку подалеку ги прифаќал и истите се разнесувале низ околните брекчиња и долини. Сега на поворката ѝ се придружило и мноштво од Ерусалим. Од мноштвото што се собрало да присуствува на Пасха, илјадници од нив пошле да го поздрават Исуса со добредојде. Го поздравувале мафтајќи со палмови гранки и со свети песни. (Копнежот на вековите, стр. 570.571. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest