26 мај – Облагородете ја должноста и напорната работа

„Кој има дар за утеха – нека утешува! Кој раздава, нека дава богато! Кој управува, нека биде ревносен! Кој покажува милост, нека го прави тоа весело!“ (Римјаните 12,8)

Кога сме вистински посветени на Бога, Неговата љубов преку вера ќе престојува во нашите срца и со веселост ќе ја извршуваме нашата должност во согласност со Божјата волја. (Testimonies to Ministers, p. 399)

Вистинската служба ги поврзува најскромните Божји слуги на земјата со највисоките Негови слуги во небесните дворови. (Порака до младите, стр. 72. оригинал)

Дури и ако вашата работа изгледа тешка и мачна, можете да ја облагородите преку начинот на кој ја извршувате. Работете како за Господа. Работете ја со веселост и со небесно достоинство. Благородните принципи што се внесуваат во работата се оние кои ја прават целосно прифатлива во Господовите очи. (Порака до младите, стр. 72. оригинал)

Мораме да сееме покрај сите води, чувајќи ги нашите души во Божјата љубов, работејќи додека е ден и користејќи ги средствата што ни ги дал Господ за да ја извршиме секоја следна должност. Што и да најдат нашите раце да работат, треба да го правиме тоа со веселост; каква и жртва да сме повикани да поднесеме, треба да ја поднесеме радосно. (Testimonies to Ministers, p. 423)

4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа
30 септември - Љубезните зборови даваат помош и охрабрување
29 септември - Љубезните зборови се сладост за душата и здравје за телото
28 септември - Љубезните зборови им припаѓаат на оние со чисти срца
27 септември - Победниците ќе имаат Божји харфи
26 септември - Свирете победоносни песни
25 септември - Затрубете во труба во храмот Господов

Pin It on Pinterest