5 март – Очистени со Неговата крв

„Радувајте се, праведници, во Господа, славете Го Неговото свето Име.“ (Псалм 97,12)

Среќата во животот не ја даваат ниту богатството ниту големата ученост, туку вистинската морална вредност и чувството на извршена должност. И вие можете да ја стекнете наградата на победникот и да стоите пред Христовиот престол со песна на благодарност во денот кога Тој ќе ги повика Своите светии; но облеките на својот карактер морате да ги исперете во крвта на Јагнето и морате да се покриете со милосрдие како со плашт, за да се најдете без дамка и без мана. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 125. оригинал)

„Зашто кој сака да живее и да види добри денови, нека го задржува својот јазик да не зборува зло и нека прави добро; нека бара мир и нека се држи за него. Зашто очите Господови се свртени кон праведниците и ушите Негови кон нивните молитви, а лицето на Господ е против оние што прават зло.“ Вистински среќни се само оние кои врз основа на лично искуство ја осознале вистинитоста на овие зборови. Тие сметаат дека одобрувањето на небото е повредно од секоја овоземна забава. Христос во нив како надеж во славата, ќе биде здравје за нивното тело и сила за душата. (Сведоштва за црквата, вол. 1, стр. 566. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest