13 јули – Да го разубавиме животот на другите, целта на службата на Божјите слуги

„Но не како ние да владееме со вашата вера, туку сме соработници во вашата радост, зашто во верата вие стоите цврсто.“ (2. Коринтјаните 1,24)

Оној што го следи Божјото водство го пронашол единствениот вистински извор на спасоносната благодат и на вистинската среќа. Воедно, тој ја примил и силата да им пренесува радост и среќа на сите околу себе. (Порака до младите, стр. 264. оригинал)

Тој ве опкружил со убавина за да ве поучи дека на земјата не сте поставени само за да истражувате, да копате и да градите за себе, напорно да работите и да ѕидате, туку со Христовата љубов да го направите животот ведар, радосен и убав – слично на цвеќето, преку службата на љубовта да го разубавувате животот на другите. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 97. оригинал)

Не постои ништо во вселената – освен себичното човечко срце – што живее само за себе. Нема птица што лета во воздухот, ниту животно што се движи на земјата, да не му служи на некој друг живот! Не постои ниту еден лист во шумата, или скромно тревно клавче, да нема своја служба. Секое дрво, грмушка и лист, излеваат животни состојки без кои ниту човекот ниту животното не би можеле да живеат, а пак, и човекот и животното, се поврзани со животот на дрвото, на грмушката и на листот… Сонцето ја лее својата светлина за да развесели илјадници светови. Океанот, иако извор на сите наши извори и кладенци, ги прима реките од секоја земја, но зема за да даде. (Копнежот на вековите, стр. 20.21. оригинал)

Да се стремиш да се направиш себеси среќен … е бедна работа и бесплоден труд. (Сведоштва за Црквата, вол 2, стр. 56. оригинал)

Најголемата среќа се доживува кога им правиме добро на другите и кога ги правиме среќни. Таквата среќа е трајна. (Сведоштва за Црквата, вол 1, стр. 161. оригинал)

14 јули - Да внимаваме на можностите на другите да им донесеме радост
13 јули - Да го разубавиме животот на другите, целта на службата на Божјите слуги
12 јули - Да го возвишуваме Христа пред луѓето
11 јули - Потрага по изгубените
10 јули - Укажете им гостопримство на Христовите слуги
9 јули - Не служете како Израел кој паднал
8 јули - Пронаоѓање радост во секоја поднесена жртва за Него
7 јули - Подготвени да потрошат и да бидат потрошени
6 jули - Весело служете секој ден
5 јули - Бог ќе излее доцен дожд

Pin It on Pinterest