25 јули – Тие ја шират Неговата радост спасувајќи ги изгубените

„Тој пак му рече: ‘Чедо, ти си секогаш со мене, и сè што е мое – е твое; но требаше да се веселиме и да се радуваме, зашто овој твој брат беше мртов и оживе; беше изгубен и се најде.“ (Лука 15,31.32)

Вие тврдите дека сте Божји деца; но, ако тоа тврдење треба да се оправда, тогаш оној кој беше „мртов и оживе, беше загубен и се најде“, навистина ќе биде „твој брат“. Тој е поврзан со тебе со најцврсти врски, зашто Бог го признава како свој син. Ако го одбиеш своето сродство со Него, покажуваш дека си само наемник во домот, а не дете во Божјото семејство. (Христови параболи, стр. 211. оригинал)

Кога себеси се посматраме како грешници кои се спасени единствено со љубовта на нашиот небесен Отец, тогаш ќе покажуваме вистинска љубов и нежно сочувство кон ближните кои патат поради својот грев, и патилата и болката на покајанието никогаш нема да ги пречекуваме со љубомора и со прекори. Кога ќе се истопи мразот на себичноста во вашето срце, тогаш ќе се сложите со Бога и ќе ја делите со Него радоста што произлегува од спасувањето на загубените. (Христови парабли, стр. 210. оригинал)

Бог го оспособил Својот народ да го просветли светот. Тој Му по дарил способности со кои тие треба да го прошират Неговото дело сè додека тоа не го опфати целиот свет… Во далечните земји ќе се слушнат пофалби и глас на пеење од усните на луѓето кои на тој начин, од службата на гревот, биле обратени кон праведноста. Со своите песни на благодарност тие ќе изнесат сведоштво кое ќе ги придобие и другите за верност и заедништво со Христа.

Обратувањето на душите кон Бога е најголемо и највозвишено дело во кое човечките суштества можат да земат учество. Во тоа дело се откриваат Божјата сила, Неговата светост, трпеливост и безгранична љубов. Секое вистинско обратување го слави Него и ги поттикнува ангелите да запеат. (Сведоштва за црквата, вол. 7, стр. 51.52. оригинал)

2 август - Кога безбожникот ќе се одврати од своите патишта
1 август - На Бога Му е угодно она што е право
31 јули - Ангелите го исполнуваат ветувањето за божествена грижа
30 јули - Ангелите служат на потребите на луѓето
29 јули - Небесните војски и Божјите слуги и се радуваат на службата
28 јули - Ангелите соработуваат со нас
27 јули - Ангелите се радуваат со луѓето во спасувањето на изгубените
26 јули - Ја имаат Христовата радост кога ги гледаат спасените грешници
25 јули - Тие ја шират Неговата радост спасувајќи ги изгубените
24 јули - Тие ја откриваат Господовата радост во своите животи

Pin It on Pinterest