„Таа свеченост во она време Соломон ја славеше седум денови, со сите Израелци, со големиот собор од Влезот во Хамат до Египетската Река, пред Господа, нашиот Бог. Потоа на осмиот ден ги отпушти луѓето; тие го благословуваа царот и си одеа во своите куќи, весели и со задоволни срца заради сето добро што Господ му го направи на Својот слуга Давид и на Својот народ Израел.“ (1. Цареви 8,65.66)
Величествената градба која Соломон и неговите помошници ја подигнале за Бога и Неговата служба, била раскошна и ненадминлива по убавина. Украсена со скапоцени камења, опкружена со пространи тремови со величествени порти, опковани со резби од кедар и сјајно злато, градбата со своите извезени завеси и богат мебел претставувала подобен симбол за црквата на живиот Бог на земјата, која со текот на времето се градела сообразно на Божјиот модел, од материјали како „злато, сребро, и скапоцени камења“, „изработени за украсување на дворци“ (1. Коринтјаните 3,12; Псалм 144,12). (Пророци и цареви, стр. 36. оригинал)
„И царот и целиот народ го посветија домот Господов“ (2. Летописи 7,1-5). Седум дена мноштво собрано од сите краишта на царството, од границите „на Емат до потокот Египетски“, „собор многу голем“, го славело овој голем настан. Следната седмица повторно ја поминале славејќи го празникот Сеници. По завршувањето на овој празник од повтореното посветување и радост, луѓето се вратиле во своите домови „радосни и весели поради добрината што им ја направи Господ на Давида и Соломона и на Израел, Неговиот народ“ (2. Летописи 7,8.10). (Пророци и цареви, стр. 45. оригинал)
