30 декември – Во сабота сите ќе Му се поклонуваат на Бога

„Од нова месечина до нова месечина, од сабота до сабота, секое тело ќе доаѓа за да се поклони пред Моето лице – говори Господ.“ (Исаија 66,23)

Драг патнику, ние сè уште живееме среде сенките и метежот на земските случувања. Но скоро ќе се појави нашиот Спасител и ќе ни донесе ослободување и одмор. Со вера да гледаме на блажената иднина, онака како што ја опишала Божјата рака. Оној, Кој умрел за гревовите на светот, ширум ја отвора вратата од рајот за сите кои веруваат во Него. Битката наскоро ќе биде добиена, победата извојувана. Скоро ќе го видиме Оној во кого се сосредоточени сите наши надежи за вечен живот. Во Неговото присуство неволјите и страдањата во овој живот ќе станат сосема безначајни. Поранешните нешта „нема да се споменуваат ниту на ум ќе доаѓаат“… Спасениот народ нема да знае за друг закон освен законот на Небото. Сите ќе бидат едно среќно и сложно семејство, облечено во облеки на пофалба и благодарност. Над таа сцена ќе запеат утринските ѕвезди, а Божјите синови радосно ќе воскликнуваат, додека Бог и Христос заедно ќе објават: „Нема повеќе да има грев, ниту смрт ќе има веќе!” (Пророци и цареви, стр. 731.732. оригинал)

Во почетокот, по своето дело на создавањето, Отецот и Синот се одморале во сабота… „До времето кога ќе биде обновено сѐ, за кое Бог зборуваше од дамнина преку устата на своите свети пророци“, саботата на создавањето, денот кога Бог лежел и се одморал во гробот на Јосифа, сè уште ќе биде ден за одмор и радост. Небото и земјата ќе се соединат во славењето „од сабота до сабота“, а мноштвото спасени во радосно обожавање ќе му се поклонуваат на Бога и на Јагнето. (Копнежот на вековите, стр. 769.770. оригинал)

4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа
30 септември - Љубезните зборови даваат помош и охрабрување
29 септември - Љубезните зборови се сладост за душата и здравје за телото
28 септември - Љубезните зборови им припаѓаат на оние со чисти срца
27 септември - Победниците ќе имаат Божји харфи
26 септември - Свирете победоносни песни
25 септември - Затрубете во труба во храмот Господов

Pin It on Pinterest