1 јануари – Бог нè повикува секогаш да се радуваме

„Радувајте се секогаш!“ (1. Солунјаните 5,16)

Цело небо се труди и сака човекот да биде среќен. Нашиот небесен Отец ниедно свое создание не го лишува од радоста. (Патот кон Христа, стр. 46. оригинал)

Тој се погрижил за тоа сите кои сакаат, да станат свети и блажени. На оваа генерација ѝ е дадена доволна светлина, за да можеме да ги сфатиме своите должности и предности и да уживаме во драгоцените и возвишени вистини и во нивната едноставност и сила. (Сведоштва за црквата, вол. 2. стр. 693. оригинал)

Откупителот на светот ги прифаќа луѓето онакви какви што се, со сите нивни недостатоци, мани и слабости; и Тој не само што ќе ги исчисти од гревот и што ќе ги откупи со својата крв, туку ќе ги задоволи копнежите на срцата на сите што ќе го примат Неговиот јарем, што ќе го носат Неговото бреме. Негова намера е да им подари мир и одмор на сите што доаѓаат кај Него да бараат леб на животот. Тој бара од нас да ги исполнуваме само оние должности што нашите чекори ќе ги одведат до врвовите на блаженството до кои непослушните никогаш нема да допрат. Вистински радосен живот на душата постои кога во неа ќе се всели Христос, надежта на славата. (Патот кон Христа, стр. 46. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest