12 ноември – Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата

„А посеаното на каменити места е оној, кој го слуша словото и веднаш го прима со радост, но нема корен во себе, и привремен е, и кога ќе настане неволја или гонење заради словото, веднаш се соблазнува. (Матеј 13,20.21)

Сепак, луѓето не отпаѓаат затоа што веднаш ја прифатиле Речта или затоа што се радуваат за неа и со неа. Штом Матеј го слушнал повикот на Спасителот, веднаш станал, оставил сѐ и пошол по него. Штом божествената Реч ќе го допре нашето срце, Бог сака да ја прифатиме, и право е да ја прифатиме со радост. „Ви велам: поголема радост ќе има на небото за еден грешник кој се кае…“ (Лука 15,7). И навистина радосна е душата што поверувала во Христа. Меѓутоа, оние што се опишани во оваа парабола како луѓе кои веднаш ја прифатиле Речта, не ја пресметале нејзината цена. Не проучиле за да видат што бара Божјата реч од нив. Тие не се соочиле со сите свои животни навики, ниту пак целосно и покорно се ставиле под нејзината власт…

Мнозина го прифаќаат евангелието за да ги одбегнат страдањата, наместо да се ослободат од гревот. Се радуваат извесно време, зашто се надеваат дека религијата ќе ги ослободи од тешкотиите и неволјите. Додека нивниот живот се одвива без тешкотии, можеби изгледаат како доследни христијани. Но паѓаат на жешката проверка на искушенијата. Не се способни да поднесат укор заради Христа. Кога Божјата реч ќе им укаже на некој омилен грев и кога од нив бара самооткажување или жртва, тие се чувствуваат навредени, и се чини дека треба да вложат премногу големи напори за да создадат коренита промена во својот живот. Гледаат на сегашните неугодности и неволји и ги забораваат вечните стварности. (Христови параболи, стр. 46-48. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest