20 јуни – Христијанското заедништво се огледа во работата за заблудените

„И кога ќе дојде дома ќе ги повика пријателите и соседите и ќе им рече: ‘Радувајте се со мене, зашто ја најдов својата изгубена овца!’“ (Лука 15,6)

Фала на Бога што Исус не дозволил да замислуваме слика на жалосен пастир кој се враќа без овца! Примерот не зборува за неуспех, туку за успехот и радоста на избавувањето. (Христови параболи, стр. 188. оригинал)

А кога залутаната ќе се најде, дали тој ѝ заповеда да го следи? Дали ѝ се заканува, ја тепа или ја тера пред себе, мислејќи на непријатноста и загриженоста што ги претрпел поради неа? Не; тој ја става исцрпената овца на своите раменици и со радосна благодарност што неговата потрага не била залудна, се враќа во трлото. Неговата благодарност наоѓа израз во песни на радост. „И кога ќе дојде дома ќе ги повика пријателите и соседите и ќе им рече: ‘Радувајте се со мене, зашто ја најдов својата изгубена овца!’“

Така, кога Добриот Пастир ќе го најде изгубениот грешник, небото и земјата се здружуваат во радост и благодарност. Зашто, „поголема е радоста за еден грешник, кој се кае, отколку за деведесет и девет праведници, кои немаат потреба од каење“. (Gospel Workers, p. 182)

Ова ја илустрира благословената, радосна работа на залагањето за оние кои грешат. Црквата која успешно се вклучува во оваа работа е среќна црква. (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 22. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest