3 ноември – Исус ја носел Радосната вест од место до место

„Потоа, одеше по градовите и селата, проповедувајќи и навестувајќи го Божјото Царство. А со Него беа Дванаесетмината.“ (Лука 8,1)

Христoс мoжeл дa гo зaзeмe нajвисoкoтo мeстo мeѓу учитeлитe нa Eврejскиoт нaрoд, нo Toj пoвeќe сaкaл дa им гo oднeсe Eвaнгeлиeтo нa сирoмaшнитe. Oдeл oд мeстo вo мeстo, зa дa мoжaт и oниe нa глaвнитe и нa спoрeднитe пaтиштa, дa гo слушнaт Слoвoтo нa вистинaтa. Нeгoвиoт глaс, кoj ги oбjaснувaл Свeтитe Списи, мoжeл дa сe слушнe нa eзeрскиoт брeг, нa гoрскитe пaдини, пo грaдскитe улици, пo синaгoгитe. Чeстoпaти, пoучувaл и вo нaдвoрeшниoт трeм нa хрaмoт, зa дa мoжaт и нeзнaбoшцитe дa гo слушнaт Нeгoвиoт глaс. (Здравје и среќа, стр. 20.21. оригинал)

Исус мошне внимателно ја забележувал промената во изразот на лицата на своите слушатели. Се радувал за сите што покажувале интерес и задоволство. Спасителот бил среќен кога стрелите на вистината допреле до душата, кршејќи ги пречките на себичноста, поттикнувајќи покајание и на крај благодарност. Кога преминувал со погледот низ мноштвото слушатели и ги препознал луѓето што ги видел порано, неговото лице се озарило со радост. Кај нив видел идни следбеници на своето царство. Кога јасно искажаната вистина допрела некој љубоморно чуван идол, забележувал промена на лицето – студен, непривлечен поглед што зборувал дека светлината не е добредојдена. Кога видел дека луѓето ја отфрлаат веста на мирот, срцето му било длабоко рането. (Копнежот на вековите, стр. 254.255. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest