27 декември – Ќе градиме куќи

„Ќе градат куќи и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе го уживаат нивниот плод.“ (Исаија 65,21)

Откупените на обновената земја ќе се занимаваат со разни работи и ќе ги уживаат задоволствата што ги имале Адам и Ева на почетокот. ќе живеат едемски живот, живот во градините и полињата. (Пророци и цареви, стр. 730. оригинал)

Таму на човекот ќе му биде вратено неговото загубено царско достоинство; и суштествата од понизок род повторно ќе ја признаат неговата власт; суровите ќе станат нежни, а плашливите полни со доверба. Таму пред истражувачот ќе се отворат неограничени хоризонти и неискажани богатства на историјата. Тука, со помош на Божјата Реч, на истражувачот му се дозволува поглед во просторното подрачје на историјата и тој може да се здобие со малку знаење за принципите кои управуваат со развојот на човечките настани. Но неговите хоризонти се сѐ уште замрачени, и неговото знаење непотполно. Дури кога ќе биде осветлен со светлината на вечноста, ќе му биде сѐ објаснето. (Воспитување, стр. 304. оригинал)

Таму, јас видов највеличествени куќи, кои изгледаа како да се од сребро, потпрени врз четири столбови украсени со бисери највеличествени по изглед. Во нив треба да се вселат светиите. Секоја куќа има по една златна полица. Потоа видов како мнозина од светиите влегуваат во куќите, ги симнуваат своите блескави круни, ги ставаат врз полиците а потоа заминуваат во полето, веднаш во непосредна близина до куќата да ја работат земјата; но не вака како ние овде што мораме да работиме; не, не. Славна светлина блеска околу нивните глави и тие непрестајно воскликнуваат славејќи го Бога. Видов и една полјанка полна со секаков вид цвеќе и додека ги берев извикав: „Тие никогаш нема да овенат!“ Потоа видов и еден тревник со висока трева, највеличествен по изглед; тревата беше свежо зелена, со сребренозлатен блесок и достоинствено се повиваше во слава на Царот Исус. (Рани списи, стр. 18. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest