21 септември – Фалете Го Господа со кимвали и гусли

„Кога беше осветувањето на ерусалимскиот ѕид, ги побараа левитите, секаде каде што живееја, за да ги доведат во Ерусалим та да го прослават осветувањето со радост, со благодарници и со песни покрај кимвали, псалтири и гуслиња.“ (Неемија 12,27)

Важни и поучни лекции, дури и во ова време на образовен напредок, можат да се најдат во историјата на Божјиот древен народ. (Fundamentals of Christian Education, p. 95)

Уметноста на светата мелодија внимателно се негувала. Не се слушал никаков лекомислен валцер, ниту површна песна која требало да го возвишува човекот и да го одвлекува вниманието од Бога; туку се пееле свети, свечени псалми на благодарност кон Создателот, кои го возвишувале Неговото име и ги раскажувале Неговите чудесни дела. Така, музиката била ставена во служба на света цел – да ги издигнува мислите кон она што е чисто, благородно и возвишено, и да ја буди во душата посветеноста и благодарноста кон Бога. (Fundamentals of Christian Education, p. 97)

Музиката треба да има своја убавина, возвишеност и сила. Гласовите треба складно да се издигаат во изрази на благодарност. Ако тоа е можно, потполнете ги своите гласови и со инструментална музика, така што складната хармонија величествено ќе се издига кон Бога како пријатен и за Него прифатлив принос. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 71. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest