28 август – Смеењето и веселбата кратко траат

„И во смеата срцето чувствува болка, а после веселбата доаѓа тага.“ (Пословици 14,13)

Вистинска радост никогаш не може да се најде на патеката што ја забранил Оној кој знае што е најдобро и кој се грижи за благосостојбата на сите созданија. Патот на престапот води во беда и пропаст. (Патријарси и пророци, стр. 600. оригинал)

Среќата што се бара од себични побуди, надвор од патот на должноста, е несигурна, непостојана и поминлива, исчезнува, оставајќи во душата чувство на осаменост и тага. (Патот кон Христа, стр. 124. оригинал)

Постојаниот копнеж по пријатни забави ги открива длабоките жеднеења на душата. Но оние што пијат од овој извор на световни задоволства ќе откријат дека жедта на нивната душа сè уште не е задоволена. Тие се измамени; веселбата ја заменуваат со вистинската среќа, а кога возбудата ќе престане, многумина паѓаат во длабочините на обесхрабреност и очај. О, какво безумие, каква неразумност е да се напушти „Изворот на живата вода“ заради „испуканите кладенци“ на световните задоволства! (Порака до младите, стр. 370. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest