8 јуни – Пријатните дружења се угодни на небото

„Ете, колку е добро и колку е мило кога браќата живеат заедно.“ (Псалм 133,1)

Постојат мистериозни врски што ги поврзуваат душите, така што срцето на едниот му одговара на срцето на другиот. Човек ги поприма идеите, чувствата и духот на другиот. Ова здружување може да биде благослов или проклетство. (Порака до младите. стр. 411. оригинал)

Божјиот народ премногу малку ја негува христијанската дружељубивост… Оние кои се затвораат во себе, кои не сакаат да бидат поттикнати да ги благословуваат другите преку пријателски дружења, пропуштаат многу благослови; зашто преку меѓусебен контакт умовите се усовршуваат и прочистуваат; преку социјално општење се создаваат познанства и се склопуваат пријателства кои резултираат со единство на срцата и атмосфера на љубов, што е пријатно во очите на Небото. (Порака до младите. стр. 405. оригинал)

„Колку е ретко и прекрасно ова, заедништвото на оние кои се собираат заедно! Слатко како светото масло излеано на главата… Животворно како росата од Ермон… Зашто во ова заедништво Вечниот го востанови благословот на бесконечниот живот.“ (Псалм 133,1-3; Мофат)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest