27 јули – Ангелите се радуваат со луѓето во спасувањето на изгубените

„Така, ви велам, се радуваат Божјите ангели, заради еден грешник, кој се кае.“ (Лука 15,10)

Ангелите повеќе се радуваат за еден грешник кој се кае отколку за деведесет и девет праведници на кои не им е потребно покајание. На тоа се радуваат и Таткото и Синот. За спасението на човекот е заинтересирано цело небо. И оној кој бил орудие во спасувањето на една душа има предност да се радува, бидејќи Божјите ангели со најголем интерес биле сведоци на неговите напори и се радуваат на неговиот успех. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 264. оригинал)

Човечкиот род исто толку е предмет на небесна грижа, како и во времето кога обичните луѓе со скромни занимања среде бел ден ги сретнувале ангелите и разговарале со небесните весници во лозјата и на полињата. Небото може да ни биде мошне близу и нам во нашето секојдневие. Ангелите од небесните дворови ќе ги придружуваат чекорите на оние што живеат според Божјите заповеди. (Копнежот на вековите, стр. 48. оригинал)

Сите небесни извори им стојат на располагање на тие што се трудат да ги избават загубените. Ангелите ќе ви помогнат да ги досегнете и најнемарните и најтврдите. И кога еден од нив ќе се врати кај Бога, ќе се радува цело небо; серафимите и херувимите ќе ги земат своите златни харфи и ќе му пеат слава на Бога и на Јагнето заради нивната милост и добрина кон синовите човечки. (Христови параболи, стр. 197. оригинал)

4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа
30 септември - Љубезните зборови даваат помош и охрабрување
29 септември - Љубезните зборови се сладост за душата и здравје за телото
28 септември - Љубезните зборови им припаѓаат на оние со чисти срца
27 септември - Победниците ќе имаат Божји харфи
26 септември - Свирете победоносни песни
25 септември - Затрубете во труба во храмот Господов

Pin It on Pinterest