8 aприл – Примерите на пророците ми даваат охрабрување

„За пример на злострадањата и на долготрпението земете ги, браќа, пророците, кои зборуваа во Господово име. Ете, блажени ги наречуваме оние, кои претрпеа. Чувте за трпењето на Јов, а видовте како Господ го заврши тоа; зашто Господ е многумилостив и сочувствителен.“ (Јаков 5,10.11)

Трпението придонело за неговите победи исто толку колку и храброста. Во неволјите душите можат да се придобијат за Христа со кротост исто толку колку и со смелоста и храброста во отворена борба. Христијанинот, кој е полн со трпение и со ведрина за време на неволјите и страдањата, кој дури и смртта ја пречекува во мир и спокојство на непоколеблива вера, може за евангелието да стори многу повеЌе отколку верно да работел во текот на целиот свој живот. Често се случува токму тогаш, кога Божјиот слуга ќе се повлече од активна служба, таинственото провидение, на кое ние во нашата кратковидост се плачеме, може да изврши дело кое на друг начин никогаш не би се извршило. (Делата на апостолите, стр. 465. оригинал)

Христијанскиот карактер се развива не со ослободување од искушенијата и неволјите, туку среде нив. Изложеноста на отфрлање и противење на Христовиот следбеник му помага само да биде уште попретпазлив и да упатува уште посесрдни молитви кон силниот Помошник. Тешките неволји, поднесени благодарение на Божјата милост, развиваат трпение, будност, постојаност и длабока и непоколеблива доверба во Бога. Триумфот на христијанската вера на Христовиот следбеник му овозможува да трпи и едновремено да биде силен, да се потчинува и со тоа да победува, да биде убиван цел ден, а сепак да живее, да носи крст и со тоа да добие круна со непоминлива слава. (Делата на апостолите, стр. 467.468. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest