9 септември – Веселата песна ги издигнува мислите

„Нека се радуваат светите славно, нека извикуваат радосно од своите постели!“ (Псалм 149,5)

Кога ќе станеме свесни за Христовата жртва принесена за нас, нашите усни се насочуваат кон највозвишените и најблагородните теми на пофалба. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 370)

Музиката често се изопачува да им служи на намерите на злото, и таа така станува едно од најзаводливите средства за искушување. Сепак, правилно употребена, таа е скапоцен дар од Бога одреден да ги вознесе мислите кон она што е високо и благородно, да ја инспирира и воздигне душата.

Како што Израилевите деца, патувајќи низ пустината, се храбреле со мелодиите на светите песни, така и Божјите деца денес, по Божји налог, својот христијански животен пат треба да го направат радосен. Еден од најдобрите начини да се врежат Божјите зборови во сеќавањето е нивно повторување во песна. Таквата песна има чудесна моќ. Таа има сила да ја совлада грубата и недоделкана природа; сила да ги оживее мислите и да разбуди сочувство, да поттикне на сложна работа и да ја оттргне мачнотијата и лошите претчувства, кои ги одземаат храброста и силата. (Воспитување, стр. 167.168. оригинал)

Среде сѐ подлабоките сенки на последната голема криза на Земјата, божествената светлина ќе сјае најсилно, а звуците на песна и доверба ќе одекнуваат најчисто и највеличествено. (Воспитување, стр. 166. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest