17 септември – Зашто милоста Негова трае засекогаш

„Навистина, мнозина свештеници, мнозина левити, и главатари на татковските домови и старешини, кои со свои очи ги видоа основите на поранешниот Храм, плачеа гласно, а мнозина пак воскликнуваа многу гласно од радост.“ (Ездра 3,12)

Верниот остаток многу се израдувал за подигањето на олтарот и за секојдневната жртва паленица. Луѓето сесрдно се подготвиле за подигање на храмот, а како што работата напредувала и нивната храброст сè повеќе растела… Радосно го очекувале моментот кога повторно ќе заблеска Неговата слава од изградениот храм… Набрзо подготовките толку напреднале што дошло време да се положи камен-темелник. Тоа било направено во присуство на илјадници луѓе кои дошле да ја набљудуваат работата и да ја изразат својата радост што можат да учествуваат во неа. Додека се положувал камен-темелникот, народот, придружен со трубите на кои свиреле свештениците и кимвалите во кои удирале синовите Асафови, „почнаа да Го фалат и слават Господа, пеејќи: ‘Зашто е благ, зашто е довека Неговата милост кон Израел’“ (Ездра 3,11). (Пророци и цареви, стр. 560.563. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest