„Зборувајќи му на Арона: ‘Направи ни богови, кои ќе одат пред нас, зашто не знаеме што стана со Мојсеја, кој нè изведе од Египет!’ И во оние денови направија теле и му принесоа жртва на идолот и се веселеа пред делото на своите раце.“ (Дела 7,40.41)
Како Мојсеев најблизок соработник, кому му била доверена светата одговорност да води грижа за Израелците, Арон го слушнал нивното мрморење што ги напуштил Мојсеј и ја слушнал нивната јавно изразена желба да се вратат во Египет, но сепак, од страв да не ги навреди, кукавички молчел. Тој не стоел бестрашно на Божја страна, туку, за да му угоди на народот, се согласил да се направи златно теле, како во тоа воопшто да не гледал почеток на злото. Штом биле изговорени првите бунтовники зборови, Арон можел тоа енергично да го спречи; но тој толку се плашел да не ги навреди престапниците, така што делумно се согласил со нив и на крајот се согласил да се направи златно теле и сите да му се поклонуваат. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 514.515. оригинал)
„Ова се,“ рекол Арон без никакво притеснување и срам, „твоите богови Израеле, кои те изведоа од египетската земја.“ Арон влијаел на израелевите синови во своето идолопоклонство да одат и подалеку од она што имале намера. Престанале да стравуваат за Мојсеј – својот водач – дека е спален со огнот на Божјата слава, кој како пламен кој проголтува пламтел на гората. Уверени дека сега имаат поглавар токму таков каков што им одговара на нивните желби, биле подготвени на сè што тој ќе побара, принесувајќи прилози и жртви на помирување на својот златен бог, почнале да се оддаваат на уживање во оргии и пијанство. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 300. оригинал)
Колку често и денеска наидуваме на љубов кон задоволства маскирани со надворешна „форма на побожност“. Верата што им дозволува на луѓето, вршејќи верски обреди да се предадат на себичност и на сетилни задоволства, и денеска на масите им е исто толку мила како и во времето на Израел. А сѐ уште има попустливи ароновци кои во црквата заземаат одговорни положби, а во исто време им попуштаат на желбите на необратените и на тој начин ги поддржуваат во гревот. (Патријарси и пророци, стр. 317. оригинал)
