2 октомври – Сара се израдувала затоа што добила син

„Сáра рече: ‘Бог ме направи за потсмев, и секој што ќе го чуе ова, ќе ми се насмее.’“ (Битие 21,6)

На Аврама му било ветено, што на луѓето во тоа време посебно им било мило дека потомството ќе му биде многубројно и дека ќе доживее национална големина. „Од тебе ќе направам голем народ, и ќе те благословам, и името твое ќе го прославам, и самиот ти ќе бидеш благослов.” Покрај тоа, тој добил и ветување кое за наследникот на верата било подрагоцено од сѐ друго, ветување дека од неговата лоза ќе се појави Искупителот на светот: „И во тебе ќе бидат благословени сите народи на земјата.“ (Патријарси и пророци, стр. 125. оригинал)

Кога Аврам имал речиси сто години, Бог уште еднаш му го повторил ветувањето дека ќе добие син, и му било загарантирано дека идниот наследник ќе биде дете на Сара. Но Аврам сѐ уште не го сфатил ветувањето. Веднаш помислил на Исмаил, верувајќи дека преку него ќе се исполни благословената божествена намера… Тогаш ветувањето му било повторено со зборови што не можат погрешно да се разберат: „Навистина, твојата жена, Сара, ќе ти роди син и ќе го наречеш со името Исак; и ќе сторам мојот завет со него да биде завет вечен и да му бидам Бог на неговото потомство по него.“…

Раѓањето на Исака како исполнување на најскапоцените надежи, остварување што го чекале речиси цел живот, ги исполнило шаторите на Аврама и Сара со голема радост. (Патријарси и пророци, стр. 146. оригинал)

„Сáра рече: ‘Бог ме направи за потсмев… Сепак… родив син.’“ (Битие 21,6.7)

Исак бил нејзина радост и нејзина гордост; нејзиниот живот бил цврсто врзан за него. (Патријарси и пророци, стр. 151. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest