28 март – Израел се учел на радостите на гостопримството

„Како ден во кој Евреите постигнаа спокој од своите непријатели и како месец кој ја претвори нивната тага во радост, а нивното жалење во празник. Нека ги прославуваат со гозба и со веселба, разменувајќи дарови меѓу себе и делејќи им поклони на бедните.“ (Естира 9,22)

Блaгoдaрнoстa, рaдoстa, дoбрaтa вoлјa, вeрaтa вo Бoжjaтa љубoв и грижa – тoa сe нajгoлeмитe зaштитници нa здрaвjeтo. Tиe трeбaлe дa бидaт oснoвни живoтни кaрaктeристики нa Изрaeлцитe. (Здравје и среќа, стр. 281. оригинал)

По Господова наредба, на нивните свети гозби требало да доаѓаат „…придојденикот, сиракот и вдовицата, кои живеат во твојот град, и нека јадат и нека се наситат“. (Христови параболи, стр. 220. оригинал)

Рaдoстa штo ja oвoзмoжувaлe oвиe прaзници, уштe пoвeќe сe згoлeмувaлa сo тoплaтa гoстoљубивoст кoн стрaнцитe, лeвититe и сирoмaшнитe. (Здравје и среќа, стр. 281. оригинал)

Овие собирања морале да му послужат како пример на Израел. Кога на тој начин ќе се научат на радостите што произлегуваат од вистинското гостопримство, Израелците и во текот на годината ќе се грижат за ожалостените и за сиромасите. Овие гозби им давале поширока поука. Духовните благослови, дадени на Израел, не биле наменети само за нив. Бог им го дал лебот на животот за да можат да му го кршат на светот. (Христови параболи, стр. 220. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest