21 мај – Радоста владее меѓу Божјиот народ

„Од нив ќе се чујат благодарници и радосни гласови. Ќе ги умножам, и веќе не ќе ги намалувам со број, ќе им дадам углед, и веќе не ќе ги презираат.“ (Еремија 30,19)

Многумина кои се изјаснуваат како христијани не ја претставуваат правилно христијанската религија. Тие изгледаат мрачно, како да ги покрива облак. Често зборуваат за големите жртви што ги поднеле за да станат христијани. Им се обраќаат на оние кои не Го прифатиле Христа, прикажувајќи преку сопствениот пример и разговор дека мора да се откажат од сè што го прави животот пријатен и радосен. Тие фрлаат превез на темнина врз благословената христијанска надеж.

Се остава впечаток дека Божјите барања се товар дури и за сопствената волна душа и дека сè што би предизвикало задоволство и радост, мора да биде жртвувано… Оваа група на самопрогласени христијани го немаат вистинскиот дух на верата. (Порака до младите, стр. 363. оригинал)

Послушноста кон нашиот Спасител не ја намалува нашата среќа и вистинското задоволство во овој живот. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 374. оригинал)

Што и да побара Христос да отфрлиме, Тој на тоа место ни нуди нешто подобро… Кога погледот еднаш ќе се фиксира на Него, животот го наоѓа својот центар… Должноста станува восхит, а жртвата задоволство. Да се слави Христос, да се стане како Него, да се работи за Него – тоа е највисоката животна амбиција и најголема радост. (Воспитување, стр. 296. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest