7 октомври – Јуда се радувал на обновувањето на Храмот

„И Езекија се веселеше, и сиот народ со него, зашто Бог му подготви на народот, бидејќи сѐ тоа се случи ненадејно.“ (2. Летописи 29,36)

Езекија стапил на престолот решен со сите сили да се бори за да ја спаси Јуда од судбината што го снашла северното царство…. Штом дошол на престолот, започнал да ги остварува своите планови. Прво се дал на работа да ја обнови службата во храмот, која толку долго била занемарена. Упатил сериозен повик до една група свештеници и Левити, кои останале верни на својот свет позив, за да му помогнат во ова дело…

Настапило време за брза акција. Свештениците веднаш се дале на работа… сесрдно го отпочнале делото на очистување и осветување на храмот. Бидејќи храмот долго време бил напуштен и занемарен, имало многу потешкотии; но свештениците и Левитите неуморно работеле и ја извршиле својата задача за необично кратко време. Ја поправиле и ја отвориле вратата од храмот, ги собрале светите садови и ги ставиле на место; сѐ било подготвено за да се обнови службата во светилиштето.

Во првото одржано богослужение царот Езекија, свештениците, Левитите и градските старешини побарале проштавање на гревовите на народот. На олтарот била принесена жртва за грев, „за да се простат гревовите на целиот Израел.“ „Кога сврши принесувањето на паленицата, царот и сите кои беа со него паднаа набожно на колена и се поклонија.“ Во тремовите на храмот повторно одекнале зборови на славење и обожавање. Сфаќајќи дека се ослободени од оковите на гревот и отпадништвото, верниците радосно ја запеале песната на Давид и Асаф. „И Езекија се веселеше, и сиот народ со него, зашто Бог го подготви народот, бидејќи сѐ тоа се случи ненадејно“ (2. Летописи 29,24.29.36). (Пророци и цареви, стр. 331-333. оригинал)

7 октомври - Јуда се радувал на обновувањето на Храмот
6 октомври - Израел се радувал на Божјата добрина
5 октомври - Израел се радувал што можел да приложи за Храмот
4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа
30 септември - Љубезните зборови даваат помош и охрабрување
29 септември - Љубезните зборови се сладост за душата и здравје за телото
28 септември - Љубезните зборови им припаѓаат на оние со чисти срца

Pin It on Pinterest