9 септември – Направете го христијанството привлечно

„Така и вие, жените, бидете им покорни на своите мажи, та ако некои не му се покоруваат на словото, да бидат придобиени без слово, со однесувањето на своите жени.“ (1. Петрово 3,1)

Кога е во срцето, Христос влегува во семејството. Таткото и мајката чувствуваат потреба да живеат со послушност кон Светиот Дух, така што небесните ангели, кои им служат на наследниците на спасението, би им послужиле и ним како учители во домот учејќи ги и одгледувајќи ги за делото на поучување на своите деца. Така, во домот е лесно да имаш мала црква која го почитува и прославува Откупителот.

Направете го христијанскиот живот привлечен. Зборувајте за Земјата која ќе стане дом на Христовите следбеници. Кога ќе го направите тоа, Бог ќе ги води вашите деца во секоја вистина, исполнувајќи ги со желба да се подготват за становите кои Христос отишол да ги подготви за оние кои Го сакаат.

Родителите не смеат да ги учат своите деца на формална побожност; тие мораат вечните начела да ги направат привлечни за нив.

Со својата ведрина, со својата христијанска љубезност и со својата нежна сочувствителност, родителите треба да ја направат привлечна Христовата вера; тие мораат да бидат решителни во барањата децата да покажат почитување и послушност. Во детскиот ум мораат да се втемелат исправни начела.

Ние треба да ги поттикнеме младите да живеат правилен живот. За ова не е доволно злато и сребро. Да им ја откриеме Христовата љубов, милост и добрина, скапоценоста на Неговите зборови и радоста на победникот. Трудејќи се да ја извршите оваа работа, вие ќе остварите дело кое ќе трае вечно.

Иако тврдат дека се религиозни, некои родители пред своите деца не го истакнуваат фактот дека на Бога треба да Му се служи и да се слуша и дека удобноста, задоволството и склоностите немаат никакво влијание на Неговите барања. „Почеток на мудроста е стравот Господов“ (Пословици 1,7). Оваа вистина мора да се вткае во самиот живот и карактер. Правилното сфаќање за Бога, кое се стекнува со познавање на Исуса Христа, кој умрел за ние да бидеме спасени, треба да биде втиснато во нивниот ум. (Темели на среќниот дом, стр. 323.324. оригинал)

22 декември - Поглед на другите светови
21 декември - Станови за откупените
20 декември - Обновениот Едем
19 декември - Чистење на Земјата
18 декември - Редовите на откупените
17 декември - Работата на откупените во текот на милениумот
16 декември - Затворање на сатаната
15 декември - Дејствувањето на ангелите откриено
14 декември - Проучувањето ќе трае цела вечност
13 декември - Радоста на Божјите наследници

Pin It on Pinterest