9 јануари – Небесата ја кажуваат Неговата слава

„Небесата ја раскажуваат Божјата слава, небесниот свод го навестува делото на Неговите раце. Денот на ден му го објавува тоа, а ноќта на ноќ и соопштува. Нема говор ни јазик, каде не ќе се чуе нивниот глас.“ (Псалм 19,1-3)

Истата сила што ја одржува природата делува и во човекот. Истите големи закони кои ги водат и ѕвездата и атомот го надгледуваат и човековиот живот. Законите кои управуваат со работата на срцето подесувајќи го протокот на струјата на животот според законите на телото, се закони на моќниот Ум кој има власт над душата. Од Него произлегува целиот живот. Само во согласност со Него може да се утврди вистинското подрачје на активноста на животот. На сите суштества, што ги создал, им е поставен истиот услов – да се одржува животот со примање од Бога и да се води во согласност со волјата на Создателот. Прекршувањето на Неговиот физички, морален или ментален закон, значи издвојување од хармонијата со вселената, внесување неред, анархија, пропаст.

За оној што ќе научи вака да ги толкува нејзините учења, целата природа станува јасна; светот е учебник, а животот школа. Единството на човекот со природата и со Бога, општата задолжителност на законите, последиците од престапот, неминовно влијание врз умот и го обликуваат карактерот…

Колку што е тоа можно, детето треба од своите најрани години да престојува онаму каде што овој прекрасен учебник ќе биде отворен пред него. Нека ги гледа прекрасните слики што големиот Уметник ги насликал на мобилното небесно платно, нека се запознае со чудесата на земјата и морето, нека ги набљудува таинствените промени во текот на менувањето на годишните времиња и од сите Негови дела нека учи за Создателот. (Воспитување, стр. 99-101. оригинал)

22 јануари - Бог нè избра нас за спасение
21 јануари - Ние мора да ги проучуваме Неговите дела
20 јануари - Земјата изобилува со Неговата добрина
19 јануари - Испитајте и видете
18 јануари - Преку Светиот Дух
17 јануари - Мора да веруваме
16 јануари - Мора да Го бараме
15 јануари - Мора да ја негуваме желбата да Го запознаеме
14 јануари - Божјиот престол е на небесата
13 јануари - Оние кои го бараат Неговото лице ќе го најдат

Pin It on Pinterest