18 мај – Соломоновото покајание

„А тогаш ги разгледав сите свои дела, сите напори што ги вложив за да дојдам до нив – и ете, сè е тоа суета и гониветер! И нема полза под сонцето.“ (Проповедник 2,11)

Како разбуден од сон… Соломон… со разбудена совест… поч­нал да ја согледува својата лудост во нејзината вистинска светлина. Со скршен дух, со ослабен ум и тело, тој уморен и жеден ги оставил распуканите земски кладенци за уште еднаш да се напие од водата на животот. Најпосле страдањето во него извршило промена. Тој долго стравувал дека ќе пропадне целосно затоа што немал сила да се ослободи од својата лудост, но сега во упатената порака препознал зрак на надеж. Бог не го отфрлил целосно, туку бил подготвен да го ослободи од ропството пожестоко и од гроб, од кое немал сила да се ослободи. (Пророци и цареви, стр. 77.78. оригинал)

Животот на Соломон е големо предупредување не само за младите туку и за оние во позрели години, кои се симнуваат низ ридот на животот гледајќи во сонцето кое заоѓа. Гледаме и слушаме колку младоста е непостојана, како се колеба меѓу доброто и злото и како струјата на расипани страсти лесно може да ја понесе. Кај зрелите луѓе, пак, не очекуваме таква нестабилност и недостаток на верност, сметајќи дека нивниот карактер е изграден а начелата длабоко вкоренети. Но, тоа не е секогаш така… Овие примери треба да нѐ поучат дека будноста и молитвата се единствена одбрана и за старите и за младите. Високата положба и големите предимства не даваат никаква безбедност… Оние кои ќе ги послушаат опомените од отпадништвото на Соломона, ќе бегаат и од сенката на оние гревови на кои тој им подлегнал. Само послушноста кон барањата на Небото ќе го зачува човекот да не стане отпадник. (Пророци и цареви, стр. 82.83-оригинал)

18 мај - Соломоновото покајание
17 мај - Давидовото покајание
16 мај - Покајанието на Неемија
15 мај - Покајанието на Ездра
14 мај - Јакововото покајание
13 мај - Нема веќе да грешам
12 мај - Не бидете тврдоглави, покорете се
11 мај - Измијте се, очистете се
10 мај - Отстранете го своето беззаконие
9 мај - Божјата добрина води кон покајание

Pin It on Pinterest