20 мај – Павловото покајание

„Верно е словото и достојно – за полно примање: Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, од кои сум прв јас.“ (1. Тимотеј 1,15)

Кога целосно ѝ се предал на убедливата сила на Светиот Дух, Савле ја сфатил својата заблуда и далекусежните барања на Божјиот закон. Тој, кој бил горд фарисеј, уверен дека прави добри дела, сега се клања пред Бога со понизност и со едноставност на малечко дете, признавајќи ја својата недостојност и потпирајќи се во молитва на заслугите на распнатиот и воскреснат Спасител. Савле копнеел за целосна хармонија и заедница со Отецот и Синот, и сакајќи од сѐ срце да му биде простено и да биде примен, сесрдно се молел пред престолот на милоста. Тие молитви на покајаниот фарисеј не биле напразни. Со силата на Божјата милост се преобразиле најскриените мисли и најдлабоките чувства на неговото срце, а неговите благородни особини дошле во хармонија со вечните Божји цели…

Обратувањето на Павле претставува восхитувачки доказ за чудотворната моќ на Светиот Дух грешникот да го осведочи за неговата вина. До тогаш Савле навистина верувал дека Исус Назареќанецот не го почитувал Божјиот закон и дека своите ученици ги учел оти тој закон е укинат. Но, откако се обратил, Савле увидел дека Исус дошол на светот да го потврди законот на Отецот. Бил уверен дека Исус е зачетник на целокупниот еврејски обреден систем. (Делата на апостолите, стр. 119.120. оригинал)

Сето ова Исус можел да го направи за Павле и непосредно, но тоа не бил Негов план. Павле требало да го признае својот грев на оние кои претходно имал намера да ги истреби и Бог им ја доверил оваа одговорна задача на оние кои биле поставени да работат наместо Него. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 431.432. оригинал)

8 јуни - Блажени се оние што ги творат Неговите заповеди
7 јуни - Долг живот им е ветен на послушните
6 јуни - Незнабошци и туѓинци Му се покоруваат на Бога
5 јуни - Патот на послушноста е милост и вистина
4 јуни - Послушноста е неопходна за влез во Небото
3 јуни - Новораѓањето, дело на Светиот Дух
2 јуни - Повторно се раѓаме преку Божјиот збор
1 јуни - Се преобразуваме во Неговиот лик
31 мај - Бог казнува помалку отколку што заслужуваме
30 мај - Верен е Оној Кој нè повикал

Pin It on Pinterest