24 мај – Ако Ме побараат, ќе ги услишам

„И ако се смири Мојот народ, кој се наречува со Моето Име, и ако се помоли, и го побара Моето лице и ако се откаже од лошите патишта, Јас ќе го послушам тогаш од небото и ќе му го простам гревот и ќе му ја излечам земјата.“ (2. Летописи 7,14)

Ниту еден од апостолите и пророците никогаш не тврдел дека е без грев. Луѓето што живееле во најголема Божја близина, луѓето кои биле подготвени побргу да го жртвуваат и самиот живот отколку намерно да направат некое лошо дело, луѓето кои Бог ги наградил со божествена светлина и сила, ја признавале грешноста на својата природа. Тие ниту малку не се надевале во себе, ниту пак тврделе дека имаат некаква своја праведност, туку целосно се потпирале врз Христовата праведност. Така ќе биде и со сите кои го гледаат Христа…

Ние мораме да го одбегнуваме она што би можело кај нас да поттикне горделивост и самоувереност; мораме да се пазиме да не даваме или да примаме пофалби или ласкање. Ласкањето е сатанско дело. Тој дејствува во иста мера преку ласкањето колку и преку обвинувањето и осудувањето. Со ласкањето тој се обидува да ги упропасти душите. Сите што ги слават луѓето сатаната ги употребува како свои орудија. Христовите работници не смеат да ласкаат ниту да примаат ласкање. Од нашиот видокруг нека исчезне нашето старо „јас“. Само Христос треба да биде возвишуван. Кон него, „кој не љуби и кој не ослободи од нашите гревови преку својата крв“, нека се издигнува фалба од нашето срце и кон Него нека биде насочено секое око.

Оној живот, во кој се негува Господен страв, нема да биде проникнат со жалост и стушеност. Христовото отсуство лицето го прави жалосно, а животот полн со поклоненички воздишки. Оние што се полни со себеси, кои се сакаат само себеси, не чувствуваат потреба да воспостават жива, лична заедница со Христа… Меѓутоа, Христовиот престој во душата претставува извор на радост. За сите што го примаат него, основната идеја на Божјата реч станува радост. (Христови параболи, стр. 160-162. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest