26 мај – Христос е сигурен темел

„Зашто пишува во Писмото: „Еве, поставувам во Сион аголен Камен, одбран и скапоцен; и кој верува во Него, нема да се посрами.“ (1. Петрово 2,6)

Во бесконечната мудрост Бог го бира и сам го поставува темелниот камен. Тој го нарекува „темелен“. Цел свет може да ги стави врз него своите товари и таги. Тој може да издржи сè. Врз него може потполно сигурно да се ѕида. Христос е „одбран камен“. Оние што се потпираат на Него Тој нема никогаш да ги разочара. Поминал низ секаков тест. Тој го издржал притисокот на Адамовата вина и вината на неговото потомство и излегол повеќе отколку победник над силите на злото. Тој ги понел товарите што ги ставил на Него секој грешник кој се кае. Во Христа грешното срце нашло олеснение. Тој е сигурен темел. Сите, на кои Христос им е надевање, уживаат совршена сигурност… За тие што веруваат Христос е сигурен темел. Тоа се оние што паѓаат врз Карпата и се кршат. Овде е прикажана преданоста кон Христа и верата во Него. Да паднеме врз Карпата и да се скршиме значи да се откажеме од нашата самоправедност и со детска понизност да дојдеме кај Христа, да се покаеме поради нашите престапи и да веруваме во Неговата љубов која проштава. Исто така со вера и со послушност да ѕидаме на Христа како наш темел.

На овој жив Камен можат да ѕидаат еднакво и Евреите и незнабошците. Тој е доволно голем за сите и доволно силен да ја поднесе тежината и товарот на цел свет. Поврзани со Христа, со живиот Камен, сите што ѕидаат на овој темел стануваат живо камење. Многу луѓе со своите лични настојувања се изделкани, измазнети и разубавени, но не можат да станат „живо камење“ затоа што не се поврзани со Христа. (Копнежот на вековите, стр. 598.599. оригинал)

18 февруари - Со Неговиот возљубен Син
17 февруари - Го дал својот Син за мојот откуп
16 февруари - Бог управува со настаните
15 февруари - Ослободување од страдање и гнев
14 февруари - Послушност кон Неговата реч
13 февруари - Милост
12 февруари - Љубезност, правда и добрина
11 февруари - Непоколеблива чесност
10 февруари - Оние што ја следат вистината
9 февруари - На Бога Му е угодна молитвата на праведните

Pin It on Pinterest