25 мај – Треба да умреме за своите гревови

„Тој Сам во Своето тело ги понесе нашите гревови на дрвото, та ние, умирајќи за гревовите, да живееме за правдата; преку Неговите рани се исцеливте.“ (1. Петрово 2,24)

За да можеме да ја примиме и на другите да им ја дадеме Божјата љубов која проштава, од најголема важност е да ја познаваме и да веруваме во љубовта која Бог ја има кон нас (1. Јованово 4,16). Сатаната на сите можни начини настојува да нѐ измами, за да нѐ онеспособи да ја сфатиме и да ја прифатиме таа љубов. Тој ќе нѐ наведе да мислиме дека нашите гревови и престапи се толку сериозни пред Господа што Тој нема да ги прими нашите молитви, нема да нѐ благослови и да нѐ спаси. Во себе ние не можеме да видиме ништо друго освен слабост, ништо што би не препорачало пред Бога, и затоа сатаната постојано ни кажува дека сите наши настојувања се бескорисни и дека ние никогаш не ќе можеме да ги поправиме маните на нашиот карактер. Кога ќе се обидеме да дојдеме кај Бога, непријателот ќе ни шепоти: Нема никаква смисла да се молиш; зар не се сеќаваш дека го направи тоа зло дело? Зар не згреши пред Бога и не работеше против својата сопствена совест? Но ние со право можеме да му одговориме на непријателот дека „крвта на Исус Христос, Неговиот Син, нѐ очистува од секаков грев“ (1. Јованово 1,7). Кога ќе почувствуваме дека сме грешни и дека не можеме да се молиме, токму тогаш е моментот за молитва. Можеби сме посрамени и длабоко натажени, сепак мораме да се молиме и да веруваме… Проштавањето и помирувањето со Бога не доаѓа како награда за нашите дела; тоа не се дава поради заслугите на грешните луѓе, туку тоа е дар чиј извoр е во Христовата беспрекорна праведност која ни се доделува нам.

Затоа никогаш да не се обидуваме да се оправдуваме или да ја намалиме својата вина барајќи изговор за гревот. На гревот мораме да гледаме како што Бог гледа, а тоа е навистина тешко. Единствено крстот на Голгота може да ни ја открие страшната одвратност на гревот. Кога би морале самите да ја носиме сопствената вина, тоа би нѐ уништило. Меѓутоа, Безгрешниот го зазел нашето место; иако недолжен, Тој ги понел нашите неправди. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 115.116. оригинал)

7 јуни - Долг живот им е ветен на послушните
6 јуни - Незнабошци и туѓинци Му се покоруваат на Бога
5 јуни - Патот на послушноста е милост и вистина
4 јуни - Послушноста е неопходна за влез во Небото
3 јуни - Новораѓањето, дело на Светиот Дух
2 јуни - Повторно се раѓаме преку Божјиот збор
1 јуни - Се преобразуваме во Неговиот лик
31 мај - Бог казнува помалку отколку што заслужуваме
30 мај - Верен е Оној Кој нè повикал
29 мај - Бог Го возвисил

Pin It on Pinterest