„А ние сите, со откриено лице, ја одразуваме Господовата слава и се преобразуваме во ист лик, од слава во слава, како што го прави тоа Господовиот Дух.“(2. Коринтјаните 3,18)
На младите сè уште им се нуди драгоцен бисер на вистината, тие можат да продадат сè и да го купат тој бисер, а можат и да ја одбијат понудената можност и поради тоа да доживеат вечна и непроценлива загуба. Сите кои ќе ги прифатат условите изложени во Божјата реч можат да добијат спасение и вечен живот. Нашиот Откупител бил послушен до самата смрт, и го дал својот живот на жртва за гревовите на светот… Млади пријатели, вие можете да си ласкате себеси дека можете да продолжите по правиот пат и без благотворното влијание на Божјиот Дух, кој треба да ги контролира вашите срца; но на таков начин нема да бидете среќни. Вашиот немирен дух бара промени и сетилни задоволства, забави и веселби во друштвото на вашите млади врсници. Вие себеси си градите распукани цистерни кои не држат вода… Вистинска среќа можете да најдете само во покајание пред Бога и во вера во нашиот Господ Исус Христос; бидејќи вашите срца се преполни со бунт и непослушност тоа нескриено се одразува и во вашите зборови. Со своите себични молитви и формално исповедање на верата вие можеби се обидувате да ја смирите својата совест, но тоа само уште повеќе ја зголемува опасноста во која се наоѓате. Вашата природа не е обновена…
Потполното предавање на срцето на Исуса го претвора бунтовниот грешник во понизен покајник, и тогаш душата во послушност може да каже: „старото помина…“ Тоа е вистинската библиска религија. Сè што е помало од тоа претставува измама. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 624.625. оригинал)