22 мај – Признајте ги своите беззаконија

„Оди и викај ги кон Север овие зборови. Речи: ‘Врати се, одметничке, Израелу, говори Господ. Не се гневи веќе Моето лице на вас, зашто Сум милостив – говори Господ, не ќе се гневам довека. Само признај ја својата кривица дека се одметна од Господа, твојот Бог, и дека заскита кон туѓинците, под секое зелено дрво, и не го слушаше Мојот глас – говори Господ.“ (Еремија 3,12.13)

Често жалиме затоа што нашите лоши дела ни донесуваат непријатни последици; но тоа не е покајание. Вистинската жалост поради гревот е резултат на дејствувањето на Светиот Дух. Духот ја открива неблагодарноста на срцето што го омаловажувало и жалостело Спасителот и во понизност нè води кон подножјето на крстот. Со секој грев одново го рануваме Исуса и кога ќе го погледнеме Него, кого сме го проболе, плачеме поради гревовите што му нанеле страдања. Таквото плачење ќе ни помогне да го отфрлиме гревот.

Световните луѓе можат оваа жалост да ја прогласат за слабост, но таа е сила која покајникот го врзува за Бесконечниот со врски што не можат да се раскинат. Таа покажува дека Божјите ангели ѝ ги враќаат на душата доблестите што ги загубила поради тврдоста на срцето и престапите. Солзите на оној што се кае се само капки дожд што му претходат на сончевиот сјај на светоста. Оваа жалост огласува радост што ќе стане жив извор во душата… Кога ќе наиде искушение, ние не треба да се гневиме и да се жалиме. Не треба да се буниме или да се трудиме да се извлечеме од Христовите раце. Треба да ја понизиме душата пред Бога. Господовите патишта се нејасни за оној што сака да ги согледа подробностите во светлина што му годи. Тие изгледаат мрачни и тажни за нашата човечка природа. Меѓутоа, Божјите патишта се патишта на милост и крајот им е спасение. (Копнежот на вековите, стр. 300.301. оригинал)

28 јануари - Израз на верата
27 јануари - Во добро време
26 јануари - Радувај се во својата младост
25 јануари - Моето име е запишано на Небото
24 јануари - Не се плашам од Неговиот божествен суд
23 јануари - Ме облекува во својата праведност
22 јануари - Тој е милостив
21 јануари - Тој направи големи дела за мене
20 јануари - Господ е моја сила
19 јануари - Се радувам што Бог ми е помошник

Pin It on Pinterest