30 мај – Верен е Оној Кој нè повикал

„Верен е Оној, Кој ве повикува и Кој и ќе го направи тоа.“ (1. Солунјаните 5,24)

Никогаш не е упатена молитва, колку и да е несовршена, никогаш не е пролеана солза, колку и да е потајна, никогаш не се јавил искрен стремеж кон Бога, колку и да е слаб, Божјиот Дух да не се поткренал да ги задоволи. Дури и пред да се изговори молитвата или да се објави стремежот на срцето, Христовата милост веќе дејствува врз човечкото срце.

Вашиот небесен Отец сака да ја соблече од вас облеката извалкана со грев. Во прекрасното симболичко пророштво на Захарија првосвештеникот Исус (синот Јоседеков) стои облечен во валкана облека пред Господовиот ангел претставувајќи ги грешниците. И Господ ги изговара зборовите: „Соблечете ги од него тие валкани облеки! И му рече: ’Еве, ја симнувам од тебе твојата вина и те облекувам во скапоцена облека’“… Исто така Господ ќе те облече и тебе во „плаштот на праведноста“… Тој ќе те воведе в соби каде што е гозба и ќе те опсипе со својата љубов. (Христови параболи, стр. 206. оригинал)

На патот кон небото мораме постојано да напредуваме; секој чекор направен со цел за напредување ни дава нова сила за следниот. Преобразувачкото влијание на Божјата благодат врз човечкото срце претставува процес кој малкумина од нив го сфаќаат, бидејќи се премногу мрзливи за да вложат неопходни напори. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 444. оригинал)

О, колкаво трпение и милосрдност Божја! Секогаш кога Израелците како Негов народ ги отфрлале гревовите што ги одделувале од Него, Тој ги услишил нивните молитви и уште еднаш се зазел за нив. (Патријарси и пророци, стр. 558. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest