17 мај – Давидовото покајание

„Зашто ме опкружија безбројни зла, моите беззаконија ме стигнаа, така што не можам да гледам; ги има повеќе од влакната на мојата глава, и затоа моето срце се онемошти. Господи, благоволи да ме избавиш; Господи, побрзај да ми помогнеш!“ (Псалм 40,12.13)

Во сите подоцнежни векови неверните луѓе укажувале на Давидовиот карактер кој ја носел таа темна дамка, и зајадливо зборувале: „Ете каков е човекот кој е според Божјото срце!“… Меѓутоа, историјата на Давидовиот живот не може да служи како оправдување за гревот. Додека ги уважувал Божјите совети Давид е нарекуван човек по Божјото срце. Кога згрешил, тоа не било веќе случај сѐ додека во покајание не се вратил кај Господа… Иако Давид се каел за својот грев, Иако Господ му простил и повторно го примил, сепак морал да ги пожнее горчливите плодови на семето што сам го посеал. Казните што го снашле него и неговиот дом сведочат за тоа колку на Господа му е одвратен гревот…

Бог сакал историјата на Давидовиот пад да послужи како опомена дека дури ни оние што Тој ги благословил со своја исклучителна наклоност не можат да бидат сигурни ако ги занемарат будноста и молитвата. Таа опомена корисно им послужила на сите што сакале да ја примат во своето срце како наука што Бог им ја дава на луѓето. Од поколение во поколение илјадници на тој начин биле упатени да ја сфатат сопствената опасност од моќта на искушувачот… Давидовото каење било искрено и длабоко; тој не се обидувал да го скрие својот престап. Во неговата молитва не се чувствува стремеж да ја одбегне осудата што му се заканувала. Напротив, тој ја сфатил тежината на својата непослушност кон Бога, увидувал дека душата му е извалкана и се гнасел над својот грев. Се молел не само за проштавање, туку и за чистота на срцето. (Патријарси и пророци, стр. 722-725. оригинал)

22 август - Со вера нашите гревови се очистуваат
21 август - Неговата крв е пролеана за мнозина
20 август - Откупени сме со Неговата крв
19 август - Простете и ќе ви биде простено
18 август - Тој нема да се сеќава на нашите гревови
17 август - Јас признавам, и Ти простуваш
16 август - Признавањето води до спасение
15 август - Ако ги признаваме гревовите, Тој е верен да ни ги прости
14 август - Сите гревови, освен еден, ќе бидат простени
13 август - Само Бог може да прости

Pin It on Pinterest