21 мај – Вашите гревови нема да се спомнуваат

„Сите негови неправди што ги направил ќе бидат заборавени: заради праведноста што ја прави, ќе живее.“ (Езекиел 18,22)

Кога Јаков, совладан со својата болка, не пуштајќи го ангелот, пекал со солзи, и небесниот Весник, испитувајќи ја неговата вера, исто така го потсетил на сторениот грев и се обидел да го турне. Но Јаков не дозволил да биде оттурнат. Тој знаел дека Бог е милостив и се повикувал на Неговата милост. Укажувал на фактот дека тој се покајал за своите гревови и барал ослободување. Кога размислил за целиот свој живот, речиси паднал во очај, но сепак цврсто се држел за ангелот…

Такво ќе биде и искуството на Божјиот народ во неговата последна борба со силите на злото. Тогаш Бог ќе ја испита нивната вера, нивната истрајност и доверба во неговата моќ да ги ослободи. Сатаната ќе настојува да ги заплаши со мислата дека нивната состојба е безнадежна… Но помислата на големината на Божјото милосрдие и искреноста на нивното покајание ќе ги охрабрат да се повикуваат на ветувањата што им ги упатувал Христос и на безнадежните грешници кога се каеле. Нивната вера нема да попушти затоа што молитвата нема да им биде веднаш услишена. Тие цврсто ќе се држат за Божјата сила, како Јаков цврсто што се држел за ангелот, а нивната душа ќе пека: „Не те пуштам додека не ме благословиш!”… Така, и во времето на неволјата, припадниците на Божјиот народ би биле совладани доколку би имале уште непокајани гревови што би излегувале пред нив додека ќе ги мачи страв и неизвесност… Но, иако длабоко свесни за својата недостојност, тие не ќе имаат да откријат ниту еден скриен грев. Нивните гревови со Христовата откупителска крв веќе ќе бидат избришани и тие не ќе можат да се сетат за нив. (Патријарси и пророци, стр. 201.202. оригинал)

21 мај - Вашите гревови нема да се спомнуваат
20 мај - Павловото покајание
19 мај - Покајанието на Закхеј
18 мај - Соломоновото покајание
17 мај - Давидовото покајание
16 мај - Покајанието на Неемија
15 мај - Покајанието на Ездра
14 мај - Јакововото покајание
13 мај - Нема веќе да грешам
12 мај - Не бидете тврдоглави, покорете се

Pin It on Pinterest