6 јуни – Незнабошци и туѓинци Му се покоруваат на Бога

„Штом чуја за мене, тие ме послушаа, ми се покоруваат туѓинци.“ (Псалм 18,44)

Божјиот закон е свет исто толку колку и Бог што е свет. Тој ја открива Неговата волја и претставува препис на Неговиот карактер израз на божествената љубов и мудрост. Хармонијата на сѐ што е создадено зависи од совршеното потчинување на сите суштества, на сѐ што живее, и на мртвата природа, на непроменливите закони на Творецот. Бог поставил закони според кои треба да се управуваат не само живите суштества, туку и сите појави во природата…

Меѓутоа додека во природата сѐ е потчинето само на природните закони, единствено човекот, меѓу сите созданија на земјата, е одговорен и пред моралниот закон. На човекот, како круна на сѐ што е создадено, Бог му дал разум и моќ да ги сфати Неговите барања, Неговата праведност и благотворноста на Неговиот закон и на неговите свети прописи; и од човекот бара непоколеблива послушност. (Патријарси и пророци, стр. 52. оригинал)

Родителите не ја запреле себичноста на своите деца. Самозадоволството било целта кон која се тежнеело. Преку служење на себеси, многумина се врзани во ропство на Сатаната. Тие се робови на своите нагони и страсти, кои се под контрола на злото. Повикувајќи ги во Неговата служба, Бог им нуди слобода. Послушноста кон Бог е слобода од ропството на гревот, ослободување од телесните страсти и нагони. (Testimonies to Ministers, p. 247)

Доброволната послушност на Божјите заповеди дава животна енергија и моќ на душата. Дело кое е трајно колку и сонцето се извршува и за самиот евангелски работник и за оние за кои тој се залага. Колку и да се ограничени способностите на оној кој учествува во тоа дело, работата која тој ја извршува во својот скромен делокруг ќе биде прифатена и призната од Бога. (Сведоштва за црквата вол. 4, стр. 613. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest