„Не секој, што Ми вели: ‘Господи, Господи!’ ќе влезе во царството небесно, а оној, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата.“ (Матеј 7,21)
Секоја вистинска послушност доаѓа од срцето. Тоа значи да се работи со Христа со цело срце. Ако сакаме, Тој ќе се изедначи со нашите мисли и цели, нашите срца и умови ќе ги доведе во хармонија со својата волја и ние, слушајќи го Него, всушност постапуваме според нашите природни поттици. Волјата, исчистена и посветена, ќе најде свое највозвишено задоволство во Неговата служба. Кога ќе го запознаеме Бога онака како што имаме предимство да го запознаеме, ќе живееме живот во постојана послушност. Со почитување на Христовиот карактер и со заедница со Бога, гревот ќе ни стане одвратен. (Копнежот на вековите, стр. 668. оригинал)
Децата треба да се научат дека нивните способности им се дадени за чест и слава на Бога. За таа цел, тие мора да ја научат лекцијата за послушност; затоа што само преку животи исполнети со доброволна послушност можат да Му ја принесат на Бога службата што Тој ја бара. Пред детето да биде доволно зрело за да расудува, може да се научи да биде послушно. Оваа навика може да се создаде со нежна, упорна работа. Така во голема мера може да се спречат подоцнежните судири меѓу волјата и авторитетот, кои многу придонесуваат за создавање на чувството на оттуѓеност и горчина кај младите кон родителите и наставниците, а премногу често и отпор кон секој авторитет, било човечки или Божји. Нека им се покаже на децата дека вистинската почит се покажува преку послушност. Бог не наредил ништо што не е суштинско, и нема друг начин да се изрази почит што Му е толку пријатна како преку послушност кон она што Тој го кажал. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 110.111)
Нашите млади треба верно и енергично да ги прифатат своите должности; и тоа ќе им гарантира успех. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 100)